Статуата на Ибрахимовиќ во Малме остана без нос

Вандали го искршиле носот на статуата на Златан Ибрахимовиќ пред стадионот на Малме. Ова е најновиот вандалски чин со кој се уништува статуата на најпознатиот шведски фудбалер откако беше објавено дека тој инвестирал во ривалскиот клуб Хамарби. Ибрахимовиќ дебитираше за Малме пред 20 години.

Истиот ден кога беше објавена информацијата за влезот на Златан во Хамарби, статуата која ја постави шведската фудбалска федерација, беше испрскана со бои, запалена и на крајот и капак од тоалетна школка беше закачен на раката. И куќата на Ибрахимовиќ во Стокхолм беше вандализирана, на влезната врата беше напишано „Јуда“. Авторот на статуата, уметниот Петер Линде, замоли да престане вандализмот.

 

 

Се вчитува...