Скулптурата на Лионел Меси која стои во Буенос Аирес е повторно нападната и уништена. Полицијата известува дека се работи за вандализам извршен од непозната група на луѓе, а статуата е најдена на падната земја со пресечени нозе.
Уметничкото дело кое стои во чест на најдобриот аргентински фудбалер во нивната историја веќе втор пат годинава е уништено, претходно во јануари месец му беа исечени рацете и торзото. Тогаш се интервенираше по брза постапка, па уништената статуа беше заменета со нова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА