Многу млади жени се трудат да го променат својот изглед, незадоволни од тоа како изгледаат. Таков беше случајот со една од најдобрите спортистки во светот, Русинката Јана Кудријавцева, која на 18 години почна да прави корекции на телото. Денес има 25 години и длабоко жали за својата непромисленост.
Затоа русокосата Јана Кудријевцева реши да проговори и, како што вели да советува многу млади девојки да не го допираат телото и да не прават козметички корекции.
Таа смета дека била млада и не знаела што прави, но сето тоа и направило многу здравствени проблеми.
„Штом ја завршив спортската кариера, веднаш отидов кај пластичен хирург. Сега разбрав дека воопшто не беше потребно, но тогаш имав комплекс, бидејќи имав мали гради“, изјави Кудријевцева.
Јана е поранешна руска гимнастичарка која освои сребро ви ритмичка гимнастика на игрите во Рио во 2016 година, а беше и европска и светска шампионка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА