Поранешниот француски репрезентативец Кристоф Дугари жестоко го критикуваше својот сонародник Килијан Мбапе. Повод секако е првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите меѓу Пари Сен Жермен и Барселона во кој франуцскиот шампион на домашен терен загуби со 2-3.
„Тој го покажа најлошото во фудбалот, најлошото од играчите од врвна класа. Може да згрешите при додавање, да не дриблате и да имате лош ден, но неговиот однос беше скандалозен, недостигаше почит“, изјави Дугари.
Статистичарите пресметале дека Мбапе добил само два од вкупно десет дуели против Барселона, дека му успеал само еден дриблинг за 90 минути и дека немал ниту еден удар кон голот, ниту пак им асистирал на соиграчите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА