Ставре Јада го освои 83. место на 10 километри слободен стил на ЗОИ

На олимписката патека во рамките на Тесеро крос-кантри Олимпискиот стадион, најдобриот македонски нордиец Ставре Јада го освои 83. место (од 113 пријавени спортисти на стартот на трката) со заостанување од 4:52,7 минути зад новиот олимписки шампион, Ј.Х.Клебо од Норвешка.

Со овој настап, нашите најдобри спортисти во крос-кантри го заокружија своето учество на Зимските Олимписки игри Милано Кортина 2026.

„Иако патот до врвот е тежок, нивниот настап е доказ за континуитетот на македонското скијачко трчање на светската сцена. Ана и Ставре го дадоа своето најдобро! За уште подобри резултати во иднина, неопходна е многу поквалитетна работа и многу поголеми вложувања во овој прекрасен спорт од страна на сите релевантни институции во нашата држава“ – информираат од Македонскиот олимписки комитет.

Се вчитува...