Уште едно име од Македонија ќе се запише во националната скијачка историја со настап на скијачки куп од светски рамки.
Утре, македонскиот нордиец Ставре Јада ќе ги брани боите на Македонија со учество на ФИС Светскиот куп во нордиско скијање во Франција, на трката долга 10 километри.
Тој, во друштво и со поддршка на нашиот поранешен репрезентативец Дарко Дамјановски, интензивно се подготвува и фокусира за утрешниот настап во Лес Розес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

