Ставре Јада не ја заврши трката во индивидуал на СП во бијатлон

Најдобриот македонски нордиец, Ставре Јада не успеа да ја заврши трката во индивидуал на Светското првенство во бијатлон кое се одржу во словенечка Покљука. По последното место на спринт трката тој денеска не успеа да ја заврши втората и за него последна трка на Мундијалот.

Златото му припадна на Норвежанецот, Стурла Холм Лаегред, пред Германецот, Арн Пајфер и Јоханес Дале од Норвешка.

 

Се вчитува...