Македонската нордиска репрезентација викендов настапи на вториот „Балкан Куп“, во Мецово и нашите натпреварувачи остварија добри резултати.
Вчера, екипажот на селекторот Ѓоко Динески настапи во дисциплината „крос кантри“ и во машка конкуренција во трката на 10 километри, во конкуренција од 27 натпреварувачи, Ставре Јада го освои шестото место, Дамјановски Дарко беше петти, Миланчо Крстески заврши на 17-та позиција, а Ненад Митевски се пласираше на претпоследната позиција.
Во женска конкуренција, во ист број на натпреварувачи, Викторија Тодоровска го освои петтото место, а Ана Цветановска беше на 22-то место. На денешната трка во сениорска конкуренција, Дарко Дамјановски заврши на петтото место, Ставре Јада беше деветти, Миланчо Крстески повторно заврши на 17-та позиција, додека пак Ненад Митевски не ја заврши трката. Во женска конкуренција, Викторија Тодоровска го освои 14. место, а Ана Цветаноска заврши на 21-та позиција.
Во јуниорска конкуренција, Ставре Јада вчера се искачи на првата позиција, додека пак на денешната трка, тој заврши на третото место.
„Имав добри настапи на овој „Балкан Куп“ и искрено, не можам да се пожалам. Со оглед на тоа што имав мала настинка, задоволен сум од остварените резултати. За една седмица не очекува нов „Балкан Куп“, овојпат во БиХ и таму очекувам да се прикажам во уште подобро светло“ – истакна Ставре Јада за ЕКИПА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА