Првиот македонски олимпиец на Зимските олимписки игри во Италија, Ставре Јада го заврши својот настап на Крос-кантри спринтот кој се одржа денеска.
Јада трката ја заврши на 89. место од вкупно 94 натпреварувачи, со време од 03:59.56 минути, и 52 секунди заостанување зад победникот, Норвежанецот Клаебо.
Трките во спринт од 1,5 километар во крос-кантри продолжуваат со четвртфиналните пресметки.
Следниот настап на Ставре Јада е на 13 февруари, на трката на 10 километри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

