Најдобриот македонски фудбалски судија, Александар Ставрев денеска за последен пат во кариерата делеше правда на натпревар од Првата македонска фудбалска лига, ставајќи крај, поради возрасната граница, на судиската кариера.
За Ставрев како и за Дејан Костадинов, дуелот меѓу Работнички и Пелистер на арената „Тодор Проески“ беше последниот натпревар во судиските кариера, па веднаш по мечот 47-годишните судии добија шпалир од фудбалерите и стручните штабови на двата тима и овации од присутните на нашиот најголем стадион.
Пред стартот на дуелот и Ставрев и Костадинов добија и пригодни подароци од Фудбалската федерација на Македонија, од Димитар Мечкаровски, Марјан Кировски и Драги Стојановски од Судиската организација, како и од ФК Работнички.

Минатата недела, пак, добија подароци и од ФК Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

