Најдобриот македонски судија Александар Ставрев ќе го суди дерби натпреварот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Вардар и Шкендија кое в недела од 14 часот се игра на „Телеком арена“ во Скопје.
Ждрепката во ФФМ сакаше Ставрев да биде делител на правдата во Скопје, додека Димитар Мечкаровски ќе го суди утрешниот натпревар меѓу Пелистер и Брегалница во Охрид.
Дуелот на Чаир меѓу Шкупи и Работнички ќе го суди Јосип Бартон од Тетово, охриѓанецот Марјан Ецкоски ќе ја дели правдата на средбата меѓу Ренова и Македонија ЃП во Тетово, а Васко Мавров е главен судија на натпреварот во Кратово меѓу Силекс и Победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА