Нашиот најдобар фудбалски судија, интернационалецот Александар Ставрев, по вторпат во својата кариера ќе му суди на португалскиот клуб Брага во третото квалификациско коло за Лига на Европа. Тој ќе биде главен судија на реванш мечот меѓу Брага и украинскиот претставник Зорја кој се игра на 16 август. Ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петревски, четврти судија ќе биде Дејан Јакимовски. Првиот натпревар меѓу Зорја и Брага заврши нерешено 1-1.
Досега Ставрев им има судено на седум португалски екипи. Почнувајќи од Брага за првпат, потоа на Бенфика, Виторија, Белененсес, Порто, Спортинг и Пакос Фереира. На седумте средби една победа, по три нерешени и три порази на португалските екипи.
Интересно е да се напише дека првиот меч што го судеше Ставрев на Брага против белгискиот ккуб Бриж во гости заврши без победник 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА