Најдобриот македонски судија Александар Ставрев повторно ќе биде ангажиран на меѓународна сцена. Тој ќе го суди реванш мечот од третото квалификациско коло во Лигата на Европа меѓу Карабах и Шериф Тираспол, в четврток. Ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов, а четврти судија е Димитар Мечкаровски.
Одреден е судијата и за реванш натпреварот меѓу македонскиот првак Шкендија и Розенборг во Скопје. На центарот ќе биде белорускиот судија Алексеј Кулбаков. Помошници ќе му бидат сонародниците Дмитриј Жук и Алиех Маслианка, а четврти судија е Ѕианис Шчарбаку. УЕФА делегат е Гордон Пејт од Шкотска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА