Ставрев ќе го суди мечот Црна Гора-Грузија

На барање на Фудбалската федерација на Црна Гора, нашиот најдобар судија, интернационалецот Александар Ставрев  ќе биде главен судија на пријателската меѓудржавна средба меѓу репрезентациите на Црна Гора и Грузија. Ќе му помагаат Дејан Костадиновски и  Куштрим Лика. Четврти судија ќе биде Милан Бошковиќ од Подгорица.  Мечот ќе се одигра на 9 јуни на стадионот во Подгорица.

Интересно е да се напише дека ова е четврта пријателска средба која на црногорските фудбалери ќе им ја суди нашиот најдобар судија. Во 2008 година Ставрев го судеше мечот Црна Гора-Норвешка  /3:1/, во 2009 Црна Гора-Белорусија /1:0/ и во 2010 Црна Гора-Азербејџан /2:0/.

Инаку, во својата досегашна кариера Александар Ставрев има отсудено 22 меѓудржавни репрезентативни натпревари.

/М.М/

Се вчитува...