Најдобриот македонски судија, интернационалецот Александар Ставрев од судиската комисија на УЕФА е одреден за главен судија на реванш средбата од квалификациите за Лигата на Европа меѓу Дуделанж од Луксембург и Арарат од Ерменија. Ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов, четврти судија е Дејан Јакимовски. Во првиот меч победи Арарат со 2-1. Поуспешниот од овој дуел ќе се пласира во групната фаза во Лига на Европа.
Како што е познато Дуделанж во квалификациите ја елиминира Шкендија, а потоа и естонскиот клуб Номе Калју, од кој сензационално изгуби Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА