Ставрев ќе суди во Финска, Качевски на Фарски Острови

Најдобриот македонски фудбалски судија, интернационалецот Александар Ставрев, од страна на Судиската комисија на УЕФА е одреден за главен судија во второто коло во Лигата на нации меѓу репрезентациите на Финска и Република Ирска во рамките на групата Б-2. Мечот ќе се игра на 10 октомври во Хелсинки.

На Ставрев ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески, четврти судија ќе биде Игор Стојчевски. ВАР судии ќе  бидат од Хрватска. И двете репрезентации во првите две кола немаат победа. Финска во гости загуби од Грција со 3-0 и од Англија со 2-0, додека Република Ирска на свој терен беше поразена од Англија и од Грција со по 2-0.

Јован Качевски, пак, ќе суди повторно по онаа „картонијада“ во Луксембург. Тој ќе  биде главен судија на мечот меѓу репрезентациите на Фарски Острови и Португалија, играчи до 21 година во квалификациите за Европското првенство. Ќе му помагаат Слаѓан Марковски и Бранко Путилин, четврти судија ќе биде Ива Пројковска. Натпреварот се игра на 11 октомври.

М.М.

Се вчитува...