Ставрев ќе суди во Германија, Пројковска на Исланд

Најдобриот македонски фудбалски судија, интернационалецот Александар Ставрев од страна на Судиската комисија на УЕФА  е одреден за главен судија на натпреварот од  второто коло во Лига на Европа меѓу германскиот клуб Хофенхајм и украинскиот Динамо од Киев. Мечот се игра на 3 октомври. Ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески. Четврти судија ќе биде Игор Стојчевски. Во првото коло Хофенхајм играше нерешено 1:1 со финскиот клуб Митлијанд , додека Динамо загуби од Лацио со 3:0.

За нашиот најдобар женски фудбалски судија Ива Пројковска, која е во групата на 20 елитни европски судии нема одмор. Туку што се врати од еден месечен престој во Колумбија каде судеше на светското првенство, фудбалерки до 20 години, во саботата го судеше мечот од Втората лига на Македонија во Гевгелија меѓу Кожуф и Детонит /машки екипи./ а веќе денес отпатува за Исланд. Од страна на Судиската комисија на УЕФАЕ одредена на го суди мечот во Лигата на шампиони за млади  фудбалери до 19 години меѓу екипите Sтjаrnan  од Рејкјавик и UCD од Даблин, Република Ирска. Ќе и помагаат Куштрим Лика и Даниел Василевски. Четврти судија ќе биде Хреин Магнусон од Исланд.

Ова е третпат како Пројковска ќе суди на Исланд. Првпат судеше на завршниот турнир на Европското првенство за млади фудбалерки до 17 години а вторпат на мечот Исланд –Чешка во квалификациите за ЕП. Од македонските судии на Исланд имаат судено  и  Ставрев на квалификационен меч во Лига на шампиони мегу Брејдлабик и Зорја од Украина како и Качевскик во квалификациите за ЕП, играчи до 21 година мегу Исланд и Чешка. Интересно е да се напише ,на  Ставрев и Качевски четврти судија  им беше Игор Стојчевски.

Се вчитува...