Најдобриот македонски фудбалски судија, интернационалецот Александар Ставрев, од Судиската комисија на УЕФА е одреден за главен судија на реванш мечот од плеј-офот за пласман во групната фаза во Конференциската лига на УЕФА меѓу претставникот на Казахстан, Астана и норвешки Бран.
Натпреварот се игра во Астана на 29 август. На Ставрев, кој во својата богата кариера првпат ќе суди во Казахстан, ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески, а четврти судија ќе биде Игор Стојчевски.
На првиот натпревар во Осло победи Бран со 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА