Нашиот најдобар фудбалски судија, интернационалецот Александар Ставрев од страна на Судиската комисија на УЕФА е одреден за главен судија на реванш мечот од третото клвалификационо коло во Конференциската лига на мечот меѓу Дебрецин и Рапид од Виена кој ќе се одигра на 17 август. Првиот натпревар заврши без победник 0:0. Ќе му помагаат Дејан Костадинов и Куштрим Лика, четврти судија ќе биде Јован Качевски.
Ова е петти пат како Ставрев во европските куповк ќе им суди на унгарските клубови на домашен терен. Пред тоа судеше на средбите: Дебрецин-Металист 0:5, Видеотон- Бате Борисов 0:1, Мол Вид-Челзи 2:2 и Ференцварош-ЦСКА 0:0. По четвртипат ќе му суди и на Рапид. Досега тоа беа мечевите на Рапид со Порто 1:3, Тренчин 0:2 и Анортозис 0:0.
Во текот на овој месец од страна на комисиите на УЕФА беше ангажиран и Димитар Мечкаровски, претседател на Судискиот одбор на ФФМ, кој беше контролор на судењето на првиот меч од третото коло на конференциската лига во Словенија меѓу Цеље и Неман/1:0/ од Белорусија. Инаку Емил Божиновски и Димитар Мечкаровски се единствени контролори на списокот на УЕФА и ФИФА од Македонија.
М. Мицковиќ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА