Поранешниот македонски интернационален судија Александар Ставрев доби ново задолжение од европската куќа на фудбалот УЕФА. Ставрев ќе биде контролор на судењето во Баку, на „Тофик Бахрамов Републиканскиот Стадион“ каде што во последното коло од квалификациите, Азербејџан ќе ја дочека силната Франција.
Ставрев ќе биде конрола на летонските судии Андри Треиманис како главен, и на неговите помошници Харалдс Гудерманис и Алексејс Спасениковс. Четврти судија ќе биде Виталијс Спасјониковс, а ВАР судија Клај Руперти од Холандија, додека АВАР ќе биде Кристапс Ратниекс од Летонија. Овој натпревар има делегат од Грција во името на Ана Капасоглу.
Минатиот месец Ставрев беше делегиран за контролор на натпревар од Лигата на Конференции на дуелот помеѓу Рапид Виена и Фиорентина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

