Ставрев, Мечкаровски и Јакимовски со европски обврски

Судиската комисија на Европската фудбалска федерација делегира тројца судии од Македонија кои во текот на овој месец ќе судат натпревари во квалификациите за Лига на Европа. Александар Ставрев ќе го суди мечот во Брисел на 25 јули меѓу Антверпен и Виторул од Романија. Ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов, четврти судија ќе биде Дејан Јакимовски.

Димитар Мечкаровски е одреден за судија на реванш мечот во Латвија меѓу ФЦ Рига Дандалк од Република Ирска. Негови помошници ќе бидат Дејан Неделковски и Гоце Петрески, четврти судија е Констанин Влахо.

Дејан Јакимовски ќе биде главен судија на натпреварот во Шведска меѓу Норкепинг и Сент Патрик од Северна Ирска. Помошници му се Никола Караколев и Куштрим Лика, за четврти судија е одреден Никола Костенчев.

Димитар Мечкаровски во текот на овој месец уште еднаш ќе се појави на европската сцена бидејќи е одреден за судија на средбата меѓу победникот од мечот Вентспилс од Латвија и Теута од Албанија со хрватскиот Хајдук кој треба да се одигра на 25 јули. Ќе му помагаат Дејан Неделковски и Гоце Петрески, четврти судија е Константин Влахо.

М.М.

Се вчитува...