Екипата на Стеауа дебитираше со победа во СЕХА-лигата откако во денешниот премиерен меч од новата сезона славеше над Татран Прешов со 26-25.
Првиот натпревар донесе возбудлив и неизвесен ракомет до самиот крај, а како клучни се покажаа последните пет минути во кои по водството на Татран од 23-24 домашниот тим направи серија од 3-0, го сврте резултатот во своја полза и на крајот стигна до победата.
Росу со седум гола од седум обиди беше клучен играч во домашниот тим, додека Страновски и Хрстка постигнаа по шест погодоци за Татран Прешов.
Во вториот денешен натпревар во српското дерби ќе се сретнат Железничар и Војводина. Утре на програмата е македонското дерби во СЕХА, пресметката меѓу Вардар и Металург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА