Дебатата за најдобар кошаркар на сите времиња во главно се сведува помеѓу Мајкл Џордан, Коби Брајант и Леброн Џејмс, но за американскиот кошаркар Виктор Оладипо овие тројца не можат да се рамнат со Стеф Кари.
Причината за тоа е стилот на играта кој се промени откако Стеф Кари го превзема приматот на суперѕвезда со неверојатниот шут за три поени.
„За мене Стеф Кари е најдобар на сите времиња. Тоа го сметам бидејќи тој треба да игра голф. Мислам, видете го. Тој треба да игра голф, но тој е надвор таму и го прави своето. Потполно ја промени играта. Го знам, морав и да го чувам. Тој е посебен.
Ја промени играта на неверојатно ниво за луѓе да шутираат по 50 тројки на натпревар сега, се е тоа поради него. Морам да го сметам за најдобар штом ја промени играта така, ја промени од целост“, изјави Оладипо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА