Голден Стејт Вориорс ги победија Хјустон Рокетс со 103-89 во решавачкиот седми натпревар од плејофот на НБА лигата.
Со победата, Вориорс обезбедија четвртфинале, каде што ќе се сретнат со Минесота, кои беа подобри од ЛА Лејкерс во пет натпревари.
Голден Стејт го диктираше ритамот на натпреварот, на крајот од првата четвртина дојде до водство кое не го испушти до крајот. Во текот на четвртата четвртина, кошаркарите на Вориорс имаа максимални +20 поени (94-74).
Бади Хилд ги предводеше до победата со 33 поени со три скока и исто толку асистенции. Тој постигна 22 поени во првото полувреме, погодувајќи шест тројки. Стеф Кари исто така блескаше со „дабл-дабл“ ефект од 22 поени, 10 скока и седум асистенции.
Џими Батлер одигра одличен натпревар со 20 поени, осум скока и седум асистенции. Дрејмонд Грин исто така имаше двоцифрен број на поени со 16 поени, шест скока и пет асистенции. Амен Томпсон се истакна за Рокетс со 24 поени, девет скока и три асистенции, додека Алперен Шенгун имаше „дабл-дабл“ со 21 поен и 14 скока.
На тој начин, Голден стејт стана само седмиот тим во историјата на НБА кој од седмата позиција стигнал до полуфиналето на конференцијата. Тие го елиминираа Хјустон од плејофот по петти пат, вклучувајќи ги и оние познати дуели против Џејмс Харден меѓу 2015 и 2019 година.
Првиот натпревар помеѓу Вориорс и Минесота е закажан за вторник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

