Стеф Кари одигра неверојатен натпревар вторпат во кариерата постигнувајќи најмалку 60 поени на еден НБА натпревар. Со овие 60 постигнати поени остана пократок за два поени во однос на личниот рекорд, но и покрај неговото феноменално издание неговите Голден стејт загубија во продолжение од Атланта со 141-134.
Кари во последната четвртина постигна дури 22 поени, а во продолжението постигна осум од 11 поени на Вориорс, но ниту тоа не помогна да се избегне поразот, па Голден стејт сега е на десеттото место во Западната конференција со 21 победа и 25 порази.
Со синоќешниот ефект Кари стана само втор играч во историјата на НБА кој постигнал 60 или повеќе поени, на повеќе од еден натпревар. Пред него тоа единствено му успеа на Коби Брајант, кој во април 2016 година својот последен меч во НБА, со 37 години и 234 дена го заврши со 60 постигнати поени. ЛА Лејкерс таа ноќ ја победија Јута со 101-96.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

