Првата ѕвезда на актуелниот НБА шампион Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, ќе мора да паузира подолг период поради повреда на рамото, пренесуваат медиумите во Соединетите Американски Држави.
Двократниот МВП на регуларниот дел од сезоната го повреди рамото на мечот со Индијана, а дополнителните прегледи покажале дека ќе има подолг процес на рехабилитација, поради кој нема да може да му помогне на својот тим.
Голден Стејт игра слабо од стартот на сезоната и во моментов се наоѓа на 10. место во Западната конференција со само 14 победи на 29 одиграни средби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА