Стеф Кари потсети на најдобрите денови, Леброн ги предводеше Лејкерс до нова победа (ВИДЕО)

Стеф Кари потсети на најдобрите свои денови. Голден стеј славеше со 115-105 против ЛА Клиперс во еден од синоќешните НБА натпревари, а Кари мечот го заврши со 38 поени и 11 асистенции.

Извонреден синоќа беше и Јанис Адедокумбо кој постигна 35 поени на мечот против Јута, но тоа не и беше доволно на екипата на Милвоки која загуби со 118-131. Јута до триумфот беше предводена од Донован Мичел со 32 поени.

ЛА Лејкерс во возбудлив натпревар во „Стејплс центарот“ славеа против Чикаго со 117-115. Зак Лавајн кај поразените со 38 поени беше најдобар на мечот, шампионите со 28 поени ги предводеше Леброн Џејмс.

Торонто убедливо славеше против Сакраменто со 123-144, предводен од одличниот Фред Ванфлит со 34 постигнати поени. Во останатите синоќешни натпревари Детроит го победи Феникс со 110-105, Бостон беше подобар од Вашингтон со 116-107, Шарлот славеше на гостувањето против Њу Орлеанс со 110-118 а Оклахома беше подобра од Њујорк со 89-101. Хјустон убедливо го победи Орландо со 132-90, а Мемфис со 115-110 славеше против Бруклин.

Се вчитува...