Стеф Кари ја одигра најдобрата партија по враќањето од повреда во победата на актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс на домашен терен против Милвоки Бакс по продолженија од 125-116.
Кари прво погоди тројка за продолженија, а подоцна и го одведе својот тим до нов триумф сезонава. Тој мечот го заврши со 36 поени, додека кај поразените во отсуство на Јанис Адетокумбо Мидлтон и Лопез постигнаа по 19 поени.
Далас Маверикс без Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг загуби на гостувањето кај Мемфис Гризлис со 112-108. Во останатите мечеви од синоќешната понуда: ЛА Клиперс – Њујорк 106-95, Шарлот – Јута 111-119, Детроит – Индијана 115-121, Орландо – Мајами 126-114, Атланта – Бостон 125-134, Хјустон – Чикаго 111-119, Њу Орлеанс – Оклахома 96-110 и Феникс – Сакраменто 119-128.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

