Асот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари го исчаши показалецот од десната рака, поради што не стапна на паркетот за претсезонскиот натпревар со Лос Анџелес Лејкерс.
Тренерот на Сан Франциско, Стив Кер, им потврди на новинарите пред натпреварот, во кој Вориорс ги совладаа Лејкерси со 132-74, дека Кари се повреди за време на тренингот пред мечот.
Сепак, Кер не покажа дека е оптоварен со повредата, бидејќи очекува 36-годишниот бек да биде подготвен за првиот натпревар од НБА сезоната на гостински терен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА