Стеф Кари наскоро би можел да се врати на тренинзите на Голден Стејт и да биде подготвен за плеј-инот. Кари го одигра својот последен натпревар на 30 јануари, а најдобриот шутер во историјата на НБА ќе им биде на располагање на Вориорс кога ќе започнат решавачките битки за плејофот.
„Суштината е дека ако Стеф е здрав, ќе игра затоа што сме во плеј-ин. Шансата да се пласираме во плејофот е голема работа за нас, голема работа за Стеф“, рече тренерот на Вориорс, Стив Кер.
Нема повеќе пречки за Кари, па легендарниот кошаркар, по проблемите со повредата на коленото и долгото отсуство, ќе им се придружи на своите соиграчи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

