Стеф Кари во „аут“ за вториот меч со Минесота

Голден Стејт изненади со победата на првиот меч од серијата со Минесота, но „воините“ скапо го платија овој триумф поради повредата што ја заработи Стеф Кари.

Најдобриот кошаркар на Голден Стејт се пожали на болка во мускулот во втората четвртина, побара замена и повеќе не се врати во игра, а лекарските прегледи покажаа дека проблемот воопшто не е наивен.

Она што е сигурно, 37-годишниот Кари сигурно ќе го пропушти и вториот меч што ќе се игра во Минесаполис, а прашање е дали извонредниот шутер ќе успее да се врати за наредните две средби што Голден Стејт ќе ги игра на домашен терен.

Се вчитува...