И покрај одличната сезона по која се избори за влез во Првата лига на Холандија, македонскиот крилен офанзивец Стефан Ашковски заминува од редовите на Фортуна Ситард.
Ашковски имаше договор со Фортуна до јуни, па и покрај очекувањата и натаму да ја продолжат меѓусебната соработка, новиот холандски прволигаш сепак одлучи да не му понуди нов договор. Македонскиот фудбалер изминатава сезона постигна 12 гола за Фортуна издвојувајќи се како еден од најзаслужните за влезот во елитното друштво.
Според последните информации, интерес за услугите на Ашковски постои од неколку екипи од Втората и од Првата лига на Холандија, па не се исклучува можноста и натаму да остане во земјата на лалињата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

