Стефан Бајчетиќ на позајмица во Лас Палмас

Фудбалерот на Ливерпул, Стефан Бајчетиќ ќе замина на позајмица во Лас Палмас.

Стефан претходната година ја мина во таборот на Салцбург, а следните шест месеци ќе ги помине во земјата од каде што е неговата мајка.

Клубот од Канарските Острови во текот на денот или утре ќе ја официјализира соработката со фудбалерот кој е договорно врзан за Ливерпул.

Шпанските медиуми пренесуваат дека клубот од Канарските Острови ќе ја покрие целата плата на младиот фудбалер кој од своја страна изразил желба да игра во Ла Лига и во клуб каде што ќе има простор да го искаже целиот свој потенцијал.

Се вчитува...