Поранешниот српски репрезентативец, Стефан Бирчевиќ објави крај на богатата и успешна кошаркарска кариера со крајот на сезоната на неговиот последен клуб, Кулубара од родниот крај Лазаревац, како што вели самиот тој на најубавиот можен начин.
Сега 35-годишниот крилен центар во богатата кариера настапуваше за Маталац од Ваљево, Раднички Крагуевац, Естудијантес, Партизан, Истанбул, Банвит, Бон, Бурса, Мителдојчер, Клуж и Лиеткабелис.
Со репрезентацијата на Србија освои сребрдени медали на Светското првентво в0 2014 година, Евробаскетот во 2017 година и Олимписките игри во 2016 година.
За македонската јавност ќе остане запомнет со одличните настапи против МЗТ Скопје во АБА лигата во дресот на Раднички и Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА