Стефан Чолаковски со гол за триумф на Перт Глори (ВИДЕО)

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Стефан Чолаковски со погодок партиципираше во победата на Перт Глори од 2-0 против Централ Коуст Маринерс во 3. коло од А Лигата на Австралија.

Перт Глори дојде до првата победа сезонава, токму благодарение на македонскиот крилен офанзивец кој во игра влезе на почетокот од второто полувреме.

И веќе во 52. минута Чолаковски погоди за водство од 1-0 на својот тим, кој до крајот на мечот заокружи со конечни 2-0.

Чолаковски беше дел од младата репрезентација на Македонија низ претходниот квалификациски циклус под водство на Драган Канатларовски.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...