Селекторот на А репрезентацијата на Македонија наскоро ќе треба да го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за квалификациските натпревари против Белгија на домашен терен на 6. јуни, и три дена подоцна со Казахстан во Астана.
Новина во националниот тим ќе биде деби повикот на фудбалерот на ОФК Белград, Стефан Деспотовски кој ќе добие шанса да биде со репрезентацијата за следните два дуели.
Десниот бек одигра вкупно 22 меча сезонава во шампионатот на Србија, а играше и за Шериф Тираспол во Европа во минатата сезона. Покрај десната бековска позиција, Деспотовски може да ја покрие и левата страна.
Во минатото покрај Шериф и ОФК Белград, беше дел и од Работнички, а играше и во младинските категории на Црвена Звезда. Играше и за Графичар Белград. За младата репрезентација на Македонија има одиграно 23 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

