Македонскиот репрезентативец Стефан Деспотовски е избран во тимот на колото во шампионатот на Србија.
Деспотовски беше еден од најдобрите поединци во редовите на ОФК Београд во гостинската победа од 1-3 против ТСЦ Бачка Топола, партиципирајќи и со асистенција во триумфот.
Деспотовски дебитираше во составот на Благоја Милевски на гостувањето во Казахстан каде Македонија славеше со 0-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

