Стефан Дрогришки се врати во Пелистер

Стефан Дрогришки (24) кој вчера спогодбено го раскина договрот со Еурофарм Работник, останува во Битола и сезоната ќе ја заврши во дресот на Пелистер. Тој денеска потврди дека се враќа во својот матичен клуб, а потоа трансфгерот беше официјално потврден и од битолскиот клуб.

Повремениот македонски репрезентативец, потекнува од школата на Пелистер и по две години одново се враќа во својот матичен клуб. Дрогришки во 2016 година замина во Металург, но не се снајде најдобро во Автокоманда и лани се врати во Битола во тимот на Еурофарм Работник. Незадоволен од малата минутажа и од статусот во вториот битолски суперлигаш, левиот бек се договори со клубот за спогодбен прекин на соработката и во продолжение на сезоната ќе биде во ривалскиот табор предводен од Јошко Петковиќ.

Се вчитува...