Стефан Илиев – македонската кошаркарска сензација која блесна на Европската младинска кошаркарска лига 2024

Младата македонска кошаркарска ѕвезда Стефан Илиев, играчот на КК Работнички од Скопје, блесна на паркетот, воодушевувајќи на Европската младинска кошаркарска лига (ЕYBL), освојувајќи ја Ол-стар титулата во Група И.

Станува збор за високо реномиран европски клупски натпревар кој е единствен признат од страна на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА), а кој се одржа викендов во Плоешти, Романија. Неверојатниот учинок на Стефан Илив, со освоени импресивни 123 поени, го рангира на првото место во сите групи до 16 години. Со ваквиот извонреден настап на ова првенство, Илиев покажа дека е следната голема ѕвезда на македонската кошарка, но и еден од најперспективните млади таленти во Европа.

„Со спој на прецизен шут и кошаркарски коефициент на интелигенција, Илиев е постојана офанзивна закана, а неговите достигнувања служат како инспирација за младите спортисти во Македонија. Стефан Илиев не е само играч за гледање тој е извор на национална гордост, а иднината изгледа светла за оваа ѕвезда во подем“ – ставот на македонските кошаркарски аналитичари.

Патот на Илиев е обележан со бројни успеси и признанија кои го истакнуваат неговото сигурно искачување во кошарката. Во 2023 година, ја освои титулата „Најкорисен играч“ во македонската младинска лига до 14 години. Во 2023 година беше дел од „Идеалната петорка“ на EYBL во Истанбул, како и во 2022 година на „Турнир на шампионите“ во Ужице, Србија.

Се вчитува...