Еден од најголемите македонски таленти, 18-годишниот Стефан Јовановски веќе е дел од првиот тим на чешката Славија Прага.
Јовановски, со само 18 години, веќе извесен период е вклучен во работата на првиот тим на Славија Прага, пријавен и за европските натпревари на чешкиот тим. Беше вклучен во составот на неодамнешниот натпревар на Чесите против ПАОК во Солун во Лигата на Европа, останувајќи на клупата за резерви, сега веќе како втор голман и на сениорскиот тим на Славија, покрај стандардните настапи за младинскиот состав.
Македонскиот голман, претходно беше дел од младите чешки репрезентатиции, но неговата прва и основна желба да брани за Македонија, земјата на неговиот татко – славниот поранешен фудбалер на Тетекс и Љуботен, Зоран Коки Јовановски, по долги години чекање за македонскиот пасош конечно го доведе и до настап за младата репрезентација на Македонија.
И покрај големиот притисок од Чешката фудбалска федерација да брани за Чешка, на крајот сепак дебитираше и за репрезентацијата до 21 година на Македонија на пријателскиот натпревар против Косово.
„Иако живеам во Чешка и бев повикан и во младите селекции на Чешка, јас сум Македонец, моето семејсто е од Тетово и мојата голема желба е да бранам само за Македонија. Пресреќен сум со мојот деби настап за младата репрезентација на Македонија на дуелот против Косово“ – вели младиот Стефан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

