Стефан Јовиќ наскоро треба да стане нов кошаркар на евролигашот Баерн Минхен.
Во својата кариера, српскиот кошаркар веќе имал можност да го носи дресот на германскиот гигант по успешниот период во дресот на Црвена звезда.
Јовиќ беше член на српската репрезентација на Европското првенство, каде што тимот на Светислав Пешиќ предвреме го заврши натпреварувањето со пораз во осминафиналето од Финска. Овој плејмејкер имаше просек од 3,7 поени, 2,7 скока и 5,5 асистенции во 17-те минути колку што беше на теренот, ако се погледнат сите пет натпревари што Србија ги одигра на Евробаскетот.
Јовиќ беше во Минхен од 2017 до 2019 година и во тој период стана шампион на Германија, избран и во најдобриот тим на Бундеслигата за 2018 година.
Минатата сезона, Јовиќ беше член на тимот на Валенсија, со кого имаше можност да се натпреварува во Еврокупот, додека во следната натпреварувачка година повторно ќе игра во Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

