Досегашниот член на штипска Брегалница, Стефан Коцев својата кариера ја продолжува во косовскиот прволигаш Лирија од Призрен.
Коцев кој беше и повремен младински репрезентативец на Македонија изминативе години, се одлучи да потпишен едногодишен договор со Лирија, во желбата да стартува интернационална кариера. Претходно, како што е познато, изминативе години беше стандарден член на првиот тим на Брегалница.
Штипјани, кои од следната сезона ќе се натпреваруваат во Втората лига, ова лето останаа и без услугите на Дарко Стојанов кој се пресели во Борец од Велес, како и на Ангел Нацев, Стефан Ристовски и голманот Кобетиќ кој се сели во редовите на Ренова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА