Стефан Наумчевски промовиран во дресот на Приштина (ВИДЕО)

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Стефан Наумчевски својата кариера ја продолжува во екипата на Приштина од Косово.

Дефанзивецот денеска официјално е промовиран во својот нов клуб каде ќе игра заедно со офанзивецот Марио Илиевски кој што одигра одлична полусезона за Приштина.

Наумчевски потекнува од фудбалската школа на Победа, а во својата кариера настапуваше и за Металург, Вардар, Тиквеш, и за АП Брера од каде сега се сели во косовскиот шампионат.

Се вчитува...