Стефан Пауновиќ не е повеќе селектор на одбојкарките

Стефан Пауновиќ не е повеќе селектор на женската одбојкарска репрезентација на Македонија, објавија од одбојкарската федерација.

Српскиот стратег во изминативе четири години успешно ја извршуваше оваа функција, која финишираше со квалификацискиот циклус за ЕвроВолеј 2026.

„Одбојкарската федерација на Македонија му се заблагодарува на Пауновиќ за професионалниот однос, разбирањето, убавата енергија во работата и успесите кои женската репрезентација на Македонија ги направи со него како селектор.

Двете страни се насочуваат кон новите предизвици. Стефан Пауновиќ продолжува со работа со неговиот клуб Ново Место од Словачка, за кој настапува и македонската репрезентативка Ерјона Јонузи. ОФМ до крајот на 2025 година ќе го именува новиот селектор на женскиот национален тим“, стои во соопштението на ОФМ.

Се вчитува...