Легендарниот Стефан Петерхансел успеа и по 13. пат да стане победник на најпрестижното рели натпреварување во светот, релито Дакар. По шест триумфи во категорија на мотоцикли, тој славеше седми пат во категоријата на автомобили. Не успеа да го сопре ниту Себастијан Лоеб, кој беше победник на последната етапа, но само со 19 секунди предноср, што не беше доволно за да го освои првото место во генералниот пласман. Петерхансел на крајот славеше со вкупно време од 28:49.30 часа, а зад него остана Лоеб со задоцнување од 5:13 минути.
На третата позиција остана третиот пилот на Пежо, Сирил Депре.
Решавачка за триумфот се чини дека беше десеттата етапа, во која тој оствари предност од повеќе од пет минути, иако имаше судир со мотоцикл.
Во категорија на мотоцикли, Сем Сандерленд стана првиот Британец кој успеал да слави на релито Дакар, со повеќе од 32 минути предност пред Матијас Валкнер. На подиумот во оваа категорија се искачи и Жерар Фарес Гаел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА