ГРК Охрид продолжува со амбициозниот план во носење на нови имиња, кои треба да донесат успешна идна сезона на тимот, и да им парира на останатите ривали за титулата како Вардар, Е.Пелистер и Алкалоид.
Поради тоа охриѓани денеска го промовираа своето најново засилување. Станува збор за досегашниот ракометар на Вардар, Стефан Петриќ кој денеска потпиша на една година.
24 годишниот лев бек (197cm) по две години поминати во тимот на РК Вардар 1961, се сели во таборот на Охрид. Петриќ пред да направи трансфер во Македонија, беше лидер на својот Партизан, а има настапи за сите младински категории за репрезентацијата на Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

