Повредата на Теимураз Орјоникидзе, кој ќе отсуствува од теренот до крајот на календарската година, ги принуди челниците на Охрид да бараат соодветна замена за да се комплетира шутерскиот опус на амбициозниот македонски ракометен проект.
Па, охриѓани за новата сезона се засилуваат со српскиот интернационалец, Стефан Петриќ, кој по две години ќе го замени Вардар и главниот град Скопјe со најголемиот македонски туристички центар Охрид, пренесува „Балкан-хендбол“.
24-годишниот лев бек доби целосна афирмација како играч во дресот на белградски Партизан, со кој играше во финалето на плејофот во сезоната 2022/2023, пред да се упати кон Македонија во клубот каде што играше и неговиот татко, познатиот југословенски репрезентативец Владимир Петриќ.
Петриќ јуниор имаше добра улога во црвено-црниот дрес, постигнувајќи 20 гола во ЕХФ Лигата на Европа, во сериозна конкуренција од играчи како Борозан и Горига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

