Стефан Ристовски беше стартер, Спортинг Лисабон го загуби дербито со Порто

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски беше во стартниот состав на Спортинг Лисабон на големото дерби против Порто што вечерва се одигра на „Драгао“. Порто славеше со 2-1 и направи голем чекор напред кон освојување на шампионската титула во Португалија. Стефан Ристовски играше до 68.минута, кога на негово место во игра влезе Рубен Рибеиро.

Порто поведе со голот на Иван Маркано во 28.минута, а Рафаел Леао израмни на 1-1 пред самиот крај на првото полувреме. Јасин Брахими го постигна победничкиот погодок за Порто во 48.минута од дербито, откако токму Ристовски не успеа да ја прекине акцијата на противникот.

 

Се вчитува...