Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски вечерва во Пиреја го имаше своето деби во дресот на португалскиот клуб Спортинг Лисабон. Тоа водено беше и негов деби настап во Лигата на шампионите. Ќе го запамети по добро, со оглед дека Спортинг Лисабон славеше важен триумф на гости во Грција со 2-3.
Стефан Ристовски на стартот остана на клупата за резерви, но тренерот Жорге Жезус му даде шанса да дебитира во дресот на новиот клуб во 87.минута од средбата. Со оглед дека италијанскиот интернационалец Пичини е повреден, може да се очекува Стефан Ристовски на следните мечеви да добива уште поголема минутажа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА