Стефан Ристовски: Динамо заслужува да игра во ЛШ

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, го најави натпреварот со Бодо Глимт во плеј-офот во Лигата на шампионите. Ристовски, заедно со Адеми, гостуваат во Норвешка во трка за добар резултат во првиот меч пред реваншот во Загреб.

Ристовски вели дека Динамо Загреб заслужува да игра во групната фаза во Лигата на шампионите.

„Не чека важен натпревар, сите знаеме што може да ни днесе. Овој Динамо заслужува да игра во Лигата на шампионите. Динамо е клуб кој има големи цели, а со нашите квалитети уверен сум дека ќе дојдеме до тоа“,, изјави Ристовски.

Динамо до плеј-офот во ЛШ го елиминираше и македонскиот првак Шкупи, а потоа и бугарскиот првак Лудогорец.

Се вчитува...